ТРАДИЦИОНАЛНИ ВИНА

Нашите традиционални вина се тука за секоја ваша прослава и уживање со пријателите и со семејството. Произведени на традиционален начин, тие се добро познати и редовни гости во секој дом.

ТИКВЕШКО

Во овие вина се вткаени сите народни приказни и музика. Се создаваат на истиот начин со векови, а денес, користејќи ја модерната технологија, гордо ја промовираат низ светот винската традиција на нашата земја преку нивните етикети.


ВИНА ЗА СЕКОЈ ДЕН

Секој ден заслужува здравица со чаша вино. Како што кажува името, некои работи се безвременски. Нашата линија „Classic“ е вистински пример за тоа. Нудејќи најдобра вредност за парите, овие вина претставуваат непроценлив дел од секој ваш оброк.


ВИНА ОД НАШЕТО НАСЛЕДСТВО

Вината од нашето наследство се нашите најстари и најпознати вински брендови – „Alexandria“ и омиленото „Т’га за југ“се совршен пример за традиционалниот начин на создавање вино во нашата земја.

ALEXANDRIA

Популарната „Alexandria“ е создадена во 1979 година, а премиум купажите „Alexandria Cuvée“ беа лансирани на пазарот во 2008 година. Со своите волшебни ароми и вкусови, вината „Alexandria“ се тука за вас секогаш кога сакате да се чувствувате заводливо, среќно и задоволно.

Т’ГА ЗА ЈУГ

„Т’га за југ“ го доби името по легендарната македонска поема „Т’га за југ“ чиишто стихови автентично ги пренесува во секоја своја капка. Денес „Т’га за југ“ е наш најпознат вински бренд, а вкусот и телото на ова вино доаѓаат од најмоќната црна винска сорта вранец.


SPECIAL SELECTION

Ако вината „Special Selection“ ги претставиме како музичка композиција, тогаш секое вино од линијата би било различен музички инструмент. Оваа линија се состои од едносортни вина создадени на начин што ги истакнува нивните уникатни карактеристики. Избрани рачно, грозд по грозд, овие вина нудат беспрекорни ароми и вкусови на секоја од сортите.


OAK EDITION

Нашата линија „Oak Edition“ е создадена од најпрефинето грозје, зреено во нови буриња од француски даб, коишто го даваат уникатниот вкус на овие вина. Заради користењето на затворачите стелвин, секогаш нудат свеж вкус, онака како што замислиле енолозите.


ЖЕСТОКИ ПИЈАЛАЦИ

Како што налага традицијата, една до две чашки ракија се задолжителни за добредојде, за почнување муабет или за оброк. Ова е најпознатиот македонски аперитив, широко признаен и надвор од нашите граници. Без оглед дали се работи за познатата „Жолта“, „Бела“ или „VS“ зреенa во дабови буриња 5 години, нашиот асортиман жестоки пијалаци е апсолутно најдобар во својата категорија.