Во срцето на винарницата, осум метри под земјата, меѓу непрегледната низа дабови буриња во кои зрее врвното македонско вино се наоѓа уникатниот ресторан на „Тиквеш“. Автентичната, топла и пријатна атмосфера ја отвора бескрајната приказна за виното на овие простори и за луѓето што го создаваат и се грижат за него.

Совршената комбинација на врвното вино и креативно подготвените специјалитети од традиционалната и од интернационалната кујна ги изненадува и најпребирливите гурмани и буди хедонистички искуства кои долго се паметат.

Посетителите имаат можност да направат избор од богатата понуда на утврдени пакет-менија или да ја искористат можноста да нарачаат „à la carte”.

Нашиот ресторан во Винаријата „Тиквеш“ во Кавадарци ги добива највисоките оценки и истакнати препораки од посетителите на Trip Advisor, уште од 2010 година се’ до денес.

Винарска визба „Тиквеш“ – искуство со врвни комбинации од храна и вино

Ние сме горди на нашиот уникатен гастрономски потпис, кој се должи на најдобрите алхемичари на храната што успеваат успешно да ги спојат егзотичните и богати традиционални вкусови со најновите трендови на меѓународната гастрономска сцена.

Нашиот ресторан ви нуди искуство од редот на светски познатите ресторани што добиле Мишелин ѕвезда, со врвен квалитет на јадењата и извонредна услуга. Во комбинација со нашите вина, тој создава ненадминливо хедонистичко доживување.

Доколку ви се потребни повеќе информации, ве молиме контактирајте не на +389 43 447 519 или на restoran@tikves.com.mk

Доколку сакате вашиот настан да се запамети и долго да се зборува за него, винарската визба „Тиквеш“ ви го нуди вистинскиот амбиент за тоа. Винарската визба „Тиквеш“ нуди можност за организирање деловни настани, тим-билдинг активности, вински тури, вклучувајќи посети на лозјата и малите бутик-винарии во Лепово и Барово.

Нашиот ресторан е опремен за опслужување групи до 60 гости во главната сала или, пак, во супер луксузниот салон за ВИП-гости.

Винарската визба има посебно приспособен простор за одржување свадбени веселби и други масовни настани во периодот од мај до октомври.

Ако патувањето до Кавадарци не е опција, може да обезбедиме и кетеринг-услуга со врвен квалитет на која било локација во земјата. За повеќе информации контактирајте нè, со задоволство ви стоиме на располагање.

„Вински едукатор“ (Wine Educator) е едукативно тело на винарската визба „Тиквеш“, овластено да обезбедува програми од Wine & Spirit Education Trust (WSET and WSET Awards). Ние ги водиме курсевите WSET Level 1 за вина и WSET Level 2 за вина и јаки алкохолни пијалоци, преку кои потрошувачите на вино и винските професионалци може да го прошират своето знаење и да стекнат меѓународно признаени сертификати.

„Вински едукатор“ (Wine Educator) цели да обезбеди едукација за вино и алкохолни пијалoци според највисоките светски стандарди, што е клучно за постојан раст на индустријата. Oрганизираме кратки, практични сесии или подолги курсеви приспособени на барањата на клиентите, вклучително и курсеви за лозарство и производство на вино. Целта е да се зајакне винската култура, професионалните вештини и одговорното консумирање, како суштински дел на промоцијата на локалните вина и винските региони.

Винарска визба „Тиквеш“

0