Тиквеш Бескрајно твој 140 години

Основана во 1885 година во регион со вековна винска традиција, Винарската визба Тиквеш слави 140 години создавање вина кои ја обединуваат природата, луѓето и културата.

Во срцето на регион со совршени природни услови и под водство на реномирани енолози, доследно ја негуваме традицијата, ги следиме иновациите, се прошируваме на нови меѓународни пазари и денес располагаме со најголема површина на врвни лозја од која било друга винарија во Југоисточна Европа.

Преку Tikveš Châteaux & Domaines, ги обедуваме нашите врвни винарии и тероари – од Северна Македонија до Франција. Со најсовремена технологија, одржливи практики и експертиза од светска класа, создаваме вина со бескомпромисен квалитет, берба по берба, добивајќи признанија од водечките светски критичари.

Додека го одбележуваме овој значаен јубилеј, нашето ветување останува – да создадеме вина што се БЕСKРАЈНО ВАШИ.

ВИНСКИ РЕГИОН ТИКВЕШ Дознајте повеќе Дознајте повеќе  

CÔTES DU RHÔNE Дознајте повеќе Дознајте повеќе

Винарската визба „Тиквеш“ го добила името по винскиот регион Тиквеш во Македонија што ги дава најдобрите сорти грозје. Ова е регион каде континенталната се спојува со медитеранската клима создавајќи совршени услови за виновата лоза.

Неодамна, имотот „Château de Gourdon“ и винарската визба во Côtes du Rhône, во регионот Bollène во Франција, станаа извонреден додаток на нашата развојна стратегија со глобален печат. Côtes du Rhône се смета за синоним за престижни вина со врвен квалитет.

Нашите вина Вистинско уживање за вашите сетила Вистинско уживање за вашите сетила

НАШИОТ ТИМ Запознајте го Запознајте го

УЖИВАЊЕ ЗА СЕТИЛАТА

ПОСЕТЕТЕ НÈ ВИРТУЕЛНА ТУРА 360° ВИРТУЕЛНА ТУРА 360°

Винарска визба „Тиквеш“

0