Тиквешкиот вински подрегион се наоѓа на иста географска должина како и Тоскана во Италија, Бордо во Франција и долината Напа во САД. Според површината, тој е еден од најголемите региони во Македонија, кој се наоѓа на 41-42˚ географска ширина. Климата е мешовита, континентално-медитеранска. На југ од Тиквешкиот регион преовладува медитеранска клима со долги и топли лета.

На север преовладува континенталната клима со благи и дождливи зими. Средната годишна температура е 13,3˚C, додека, пак, во периодот на вегетација е 18˚C. За време на летниот период, температурите може да достигнат над 40˚C. Средната вредност на водниот талог за време на вегетацискиот период е 300-500 mm.

Тиквешкиот регион од три страни е „заштитен“ со планини што оневозможуваат северните ветрови да продрат до лозовите насади. Во Тиквешкиот регион преовладуваат следните видови почви: рендзина, смолник, делувијална, алувијална и тера роса (Terra Rosa).

МИКРОЛОКАЦИИ

БАРОВО

БАРОВО

Кликнете за повеќе информации

ЛЕПОВО

ЛЕПОВО

Кликнете за повеќе информации

БЕЛА ВОДА

БЕЛА ВОДА

Кликнете за повеќе информации

БАБУНА

БАБУНА

Кликнете за повеќе информации

БАРОВО

БАРОВО

Кликнете за повеќе информации

Барово

Барово, уникатна микролокација, со спокој во кој се одвива животот на недопрената природа отсликана во свежината и живоста на своите вина. Почва што во својата длабочина носи неколку епохи, одгледувајќи ги своите лози во духот на традицијата, подарувајќи елегантно моќни вина. Тероар, каде што се прегрнуваат медитеранската и планинската клима претставени во идеалниот баланс на вината, од кои со неверојатна прецизност се изнедрува силното отчукување на срцето на Тиквеш.

Комбинацијата од уникатните аспекти на микролокацијата Барово влијае врз квалитетот на грозјето од кое се произведува вино со афинитет да го пренесе чувството на потекло (terroir). Со оглед на тоа што  тероарот Барово, каде што се протегаат лозја на 3 ha, е сочинет од различни помали блокови со различни почвени и микроклиматски аспекти, се овозможува одгледување поголем број вински сорти, како што се Белан, Бел Совињон, Шардоне, Траминец, Темјаника, Ркацители, Вранец, Кратошија.

Освежителни, разиграни и добро балансирани вина

Заедничко за вината што доаѓаат од оваа локација е нивната свежина и живост како резултат на големите дневни температурни разлики што во периодот на зреење обезбедуваат бавно спроведување. Во такви околности, се задржува повисоко ниво на киселини и се обезбедува полна фенолна зрелост. Добриот баланс помеѓу биолошката и фенолната зрелост на гроздот придонесува тој баланс да се пренесе во виното. Со оглед на сушните жешки лета со екстремно високи температури, ваквото урамнотежено зреење се смета како вистински предизвик за македонскиот вински регион.

Широкиот опсег на дневните температурни амплитуди е потпомогнат од продорот на медитеранската клима низ клисурата Демир Капија (Железна Врата), која е во непосредна близина на локалитетот Барово, и од судирот со планинската клима на планината Кожуф, на 700 m надморска височина, која влијае врз лозјата на Барово, што, пак, резултира со умерена просечна температура од 18˚C во периодот на вегетација.

Структурни и комплексни вина со кадифени танини и лесна минералност

Локалитетот Барово се протега на надморска височина до 1.100 m, при што се смета за највисока „овошна градина“ на Балканот. Генерално, предноста кај лозјата што се наоѓаат на повисоки надморски височини е тоа што лозата се изложува на сурови услови, при што се бори за преживување, а во таквите услови фокусот го насочува на развојот на плодот, гроздот, при што се добива грозје со особено висок квалитет. Само од висококвалитетно грозје може да се произведат висококвалитетни вина, а тоа подразбира вина со посебна структура, чии карактеристики се високи киселини, шеќери, танини, екстракти, антоцијани, полифеноли, интензивни ароми итн. Ваквите вина може дополнително да созреваат со години во дабови буриња, но и во шишиња, при што дополнително се зголемува нивната комплексност.

Заедничка карактеристика за почвата е добрата дренажа. Со оглед на тоа што нема систем за наводнување, годишните врнежи од 300-500 mm3 се исклучително важни, а текстурата на почвата овозможува водата да се акумулира во длабинскиот дел на почвата. Длабинскиот дел е уникатна глинено-карбонатна фосилна почва (Paleosol) со вулкански остатоци, која содржи нутриенти и минерали. Поради климатските услови, кореновиот систем продира длабоко во почвата апсорбирајќи ги нутриентите и минералите што придонесуваат за богат вкус кај црвените вина, кои, истовремено, покажуваат една оригинална карактеристика на моќни вина со заводлива елегантност. Вина со кадифени танини и лесен салинитет доволен за да ги поттикне перцепторите и за да го зголеми интензитетот на вкусот. Кај белите вина, ваквата почва придонесува за интензивни сортни ароми и вкусови, како и за салинитетот што е истакнат за нијанса повеќе, а кој го дефинираме како минералност.

ЛЕПОВО

ЛЕПОВО

Кликнете за повеќе информации

Лепово

Лепово, тероар чие ветре ги милува своите лози, а медитеранската клима дава чувство на дремка под силното сонце на песокливата „плажа“. Вината се сочни, полни, овошни со свилени танини, спремни да ја продолжат летаргичната дремка во дабовите буриња, за на крајот да го покажат сиот свој раскош.

Уникатна позиција што претставува дел од винскиот регион Вардарска долина. На само неколку километри оддалеченост од реката Вардар, распространета е на 16 ha брановидни ридови. Вообичаената медитеранска клима со долги топли лета и благи зими е намалена за некој целзиусов степен поради постојаниот освежителен ветрец, кој доаѓа од север, по должината на реката Вардар, и го прави уникатен овој тероар.

Концентрирани, месести вина со овошно-џемести ароми

Дневните високи температури се одговорни за зголемената концентрација на шеќери, па токму затоа заедничка карактеристика е поголемото количество алкохол и екстракти, што наедно придонесува за „вина со полно тело“. Постојаниот ветрец од север малку ги зголемува дневните температурни разлики, особено во вечерните часови, со намера да се одржат киселините во колку што е можно повисоко ниво. Овошните ароми со карактеристики на џем, како и слатките ноти на зачините исто така се резултат на климатските карактеристики на тероарот.

Овошно-водени вина со нежни зрели танини и со пролонгиран вкус

Кај лозовите насади, во сушните денови, жедта ја гасне почвата што во поголемиот дел е редзина, чија главна карактеристика е да акумулира доволно влага во нејзиниот длабински дел. Варовничката почва измешана со песокливата придонесуваат за вина со нежни танини и интензивни овошни ноти. Сиромашна е со нутриенти и го тера кореновиот систем во длабочина, со што обезбедува поквалитетно грозје и повисок квалитет на вино со афинитет кон понатамошно зреење.

БЕЛА ВОДА

БЕЛА ВОДА

Кликнете за повеќе информации

Бела вода

Поседот Бела вода е лоциран на истоимената локација чија позиција нуди уникатни услови за одгледување винско грозје, кое, пак, ја пренесува таа специфика и преку вештите раце на винарот им дава посебен и неповторлив карактер на двете вина што доаѓаат од овој посед.

„Бела вода“ бело

Купажата од Chardonnay и Grenache Blanc, чии заеднички карактеристики се релативно неутралната ароматичност и афинитетот да ја пренесат експресијата од тероарот, на винарот му овозможува доволно простор за одредувањето на стилот на ова вино ставајќи го својот „потпис“. „Бела вода“ бело нуди прекрасен спој на овошни ароми од зелено, коскесто и тропско овошје придружено со нежни тонови на ванила, кокос и влажен кремен. Свежиот и лесен минерален вкус што ова вино го носи во себе е резултат на тероарот, кој надополнет со лесната маслена текстура и совршениот баланс придружен со финесите на винарот, создаваат едно неповторливо искуство.

„Бела вода“ црвено

Во ова впечатливо вино учествуваат две роднински вински сорти Вранец и Плавец, кои како да сакаат да укажат на важноста на роднинските врски и богатството што може да произлезе од нив. Темпераментниот Вранец, како претставник на македонскиот стил на вина придружен со топлината на Медитеранот низ елегантниот Плавец, придонесува за едно вино што има јужен шарм во кој еднакво се рефлектираат и моќта и нежноста. Раскошни ароми на црвено и црно зрнесто овошје придружени со нежните ноти на слатки зачини што го најавуваат крешендото на вкусови – сочни, овошни и свежи – со текстура од прекрасно полирани зрели танини. Хармонија на вкусови во совршен баланс и долг, комплексен пролонгиран вкус што не се заборава.

Во потрагата по уникатни микролокации за одгледување грозје од коe ги создаваме нашите вина од премиум сегментот, ја пронајдовме локацијата Бабуна. Сместена во велешкото виногорје, Бабуна е совршено место за одгледување грозје со исклучителен квалитет.

Лозовите насади се лоцирани во непосредна близина на реките Вардар и Бабуна, предел каде што се мешаат медитеранската и континенталната клима и каде преку целата година е присутен ветар од северен правец, кој го намалува потенцијалот за развој на болести и штетници на виновата лоза. Со сите овие предности, Бабуна им се придружува на Барово, Лепово и Бела Вода, како уште еден уникатен тероар во рамки на „Tikveš Châteaux & Domaines“.

Бабуна бело

Белото вино „Babuna“ е комбинација од сортите албарињо, шардоне и виоње. На мирис се чувствуваат интензивни ноти на цитрусно и коскесто овошје, лимон, како и бела праска, додека на вкус веднаш се открива изразената свежина и вкусовите на цитрусно овошје, зрел лимон, грејпфрут, проследени со ноти на крушка, зелено јаболко и со хармоничен завршеток.

Бабуна црвено

Црвеното вино „Babuna“ е произведено од сортата плавец. Во него доминира мирисот на капина, цреша и зготвени модри сливи, проследен со цветни ноти на љубичица и траги од мирис на јод, што е типична сортна карактеристика. Ова суво вино има освежителна киселост, деликатни танини, полно тело и одлично интегриран алкохол. Виното има хармоничен вкус на сок од калинка, вишна и малина, и сочен финиш. Одличната структура овозможува стареење во шише до 5 години.

Поседот Château de Gourdon е сместен во јужниот дел од долината на реката Рона во Франција, близу гратчето Болен. Првите лозови насади на оваа локација датираат уште од 1870 година, а денес се простираат на 50 хектари, на ридски предел. Лозјата имаат јужна експозиција што овозможува гроздовите да бидат изложени на сончевите зраци во текот на целиот ден, додека, пак, ветрот мистрал, кој често е присутен, овозможува гроздовите да останат здрави и помалку подложни на болести.

Овие фактори во комбинација со песокливата почва овозможуваат грозјето одгледано на лозовите насади на Château de Gourdon да биде со висок квалитет во текот на секоја берба, што, пак, придонесува за производство на комплексни вина со изразени ароматичност и карактер. Во оваа винарница се произведуваат вина од сортите: гренаш блан, виоње, гренаш ноар, сира, карињан.

Château de Gourdon

Поседот е лоциран во срцето на винскиот регион Јужна Рона, Франција. Тој регион е наречен по истоимената река Рона, која со векови се смета за винска артерија покрај која старите Римјани започнале сериозно да го развиваат лозарството, но и производството на вина со квалитет како „Фалернијан“ (Falernian) – во тоа време многу познато вино во Рим.

Дворецот Château de Gourdon е обиколен со живописни лозови насади што се протегаат на 50 хектари, распослани низ нежните падини на апелациите (законски дефинираните и заштитени области) Côtes du Rhône и Côtes du Rhône Village на самата граница од светски познатиот вински подрегион Châteauneuf-du-Pape или „Новиот дворец на Папата“, чие име го добива додека Авињон бил престолнина на Папата Клемент Петти во четиринаесеттиот век.

Château de Gourdon има фасцинантна историја што е мошне значајна за прекрасното гратче Болен на чија периферија е сместен овој посед. Во 1793 година поседот бил летна резиденција на кардиналот Де ла Фар, додека, пак, лозовите насади се посадени неполн век подоцна во 1870 година.

Тероар – Силното влијание на медитеранската клима овозможува полна зрелост на грозјето, а лесното ветре од север по должината на течението на реката Рона ја намалува температурата во вечерните летни часови, па на тој начин се обезбедуваат доволно природни киселини, кои, пак, на вината им даваат свежина и одличен баланс. Водечка сорта кај црвените вина е Grenache Red што најчесто се купажира со Syrah и со Carignan, додека, пак, од белите вински сорти водечки се Grenache Blanc и Viognier. Основа за розе вината е медитеранската сорта Cinsault во купажа со Grenache Gris. Песокливата сиромашна почва на вината им дава интензивна овошност, додека, пак, силикатните и варовничките компоненти влијаат врз зрачењето во овошната зона на лозата и врз продлабочениот коренов систем кон зоната, со нутриенти и минерали што на вината им даваат збогатено ниво на полифеноли и одредена минералност.

За капацитетите – Поседот Château de Gourdon се наоѓа на најсеверниот дел од Јужна Рона, па бидејќи климата е поладна, тоа придонесува за поголема свежина и подобра ароматичност на вината. Карактеристиките на земјата, песокта, чокотите стари над 40 години (Vieilles Vignes), како и меките танини се предност на нашите елегантни вина од парцелите La Marron, La Vernes, Lade Ganess и други…

Имотот на Château de Gourdon се протега на 50 хектари, а најголемиот дел од лозјето е од сортите гренаш и сира. Лозарството отсекогаш се водело од принципите за најголема почит кон природата и кон лозовите насади. До денес, многу од парцелите имаат стари лози, кои создаваат висококвалитетни вина што може да се вкусат во визбите на шато-винарницата.

Château de Gourdon има и две прекрасни церемонијални сали и покриена тераса, кои претставуваат привлечен простор за организирање свечени приеми, состаноци или, пак, семинари. Терасата нуди прекрасен поглед кон паркот каде што исто така може да се организираат различни видови настани. Стариот базен е совршен за организирање вечерни забави и свечени коктели. Шатото има капацитет до 150 лица, додека, пак, паркот има капацитет до 500 и повеќе лица.

Шато-винарницата има три апартмани што се распоредени во дворецот, како и во придружните згради, каде што може да се сместат од 4 до 10 луѓе за подолг или за пократок престој во текот на целата година. Во периодот од мај до септември во функција е и базенот на отворено, кој совршено ја надополнува можноста да уживате во мирен одмор поминат на лозје. Château de Gourdon се наоѓа на одлична локација, која е крстопат помеѓу Vaucluse, la Drôme Provençale, Le Gard и l’Ardèche.

Винарска визба „Тиквеш“

0