ALEXANDRIA CUVÉE (ЦРВЕНО)
Квалитетно црвено вино, купажа (cuvée) од сортите вранец, мерло и каберне совињон со интензивна рубин-црвена боја. Се одликува со комплексни ароми на црвено и црно овошје – цреши, сливи, малини и црна рибизла, и ноти на сушен тутун, чад, црн пипер и цимет, вткаени во полното и заокружено тело, со силен зачински финиш.
Температура на сервирање
14°C
16°C
Комбинација со храна
телешко месо
свинско месо на скара
ќебапи
тврдо сирење како чедар и пармезан
Достапно во
0,75L; 0,187L