Lyxa VSOP
Lyxa VSOP оди чекор подлабоко. Произведен од внимателно избрано вино и зреен во просек осум години во славонски и француски даб, овој премиум македонски вињак, инспириран од традиционалното производство на армањак, добива повеќе слоеви, структура и зрелост, со ноти на бадем, ванила, кафе, чоколадо и чад. Најдобро е да се пие чист, во чаша во форма на лале, на собна температура, откако ќе отстои неколку минути.








