ВИНАРИЈА „ТИКВЕШ“

ТРАДИЦИОНАЛНИ ВИНА

Нашите традиционални вина се тука за секоја ваша прослава и уживање со пријателите и со семејството. Произведени на традиционален начин, тие се добро познати и редовни гости во секој дом.

ТИКВЕШКО

Во овие вина се вткаени сите народни приказни и музика. Се создаваат на истиот начин со векови, а денес, користејќи ја модерната технологија, гордо ја промовираат низ светот винската традиција на нашата земја преку нивните етикети.


ВИНА ЗА СЕКОЈ ДЕН

Со својата безвременска привлечност и лесната достапност за потрошувачите, овие вина претставуваат одличен избор за уживање со храна. Со нив, обичните моменти стануваат моменти на среќа.


ВИНА ОД НАШЕТО НАСЛЕДСТВО

Вината од нашето наследство се нашите најстари и најпознати вински брендови – „Alexandria“ и омиленото „Т’га за југ“се совршен пример за традиционалниот начин на создавање вино во нашата земја.

ALEXANDRIA

Популарната „Alexandria“ е создадена во 1979 година, а премиум купажите „Alexandria Cuvée“ беа лансирани на пазарот во 2008 година. Со своите волшебни ароми и вкусови, вината „Alexandria“ се тука за вас секогаш кога сакате да се чувствувате заводливо, среќно и задоволно.

Т’ГА ЗА ЈУГ

„Т’га за југ“ го доби името по легендарната македонска поема „Т’га за југ“ чиишто стихови автентично ги пренесува во секоја своја капка. Денес „Т’га за југ“ е наш најпознат вински бренд, а вкусот и телото на ова вино доаѓаат од најмоќната црна винска сорта вранец.


ЛУДА МАРА

Дали сте подготвени да го погледнете светот во очи?

Откријте jа еволуцијата на брендот Luda Mara инспириран од реката Луда Мара што тече низ тиквешкиот вински регион која има клучна улога во хранењето на почвата на која расте нашето грозје. Освежен со нов дизајн и збогатен со нови производи, заедно со омилените Temjanika и Vranec, ги претставуваме новите вина White Cuvée и Red Cuvée, создадени за да ja отсликаат хармонијата меѓу непредвидливата сила на природата и човечкиот креативен дух.

Избегај од секодневното, живеј во моментот, истражувај нови хоризонти и нурни се во уникатното искуство што го нуди Luda Mara.

Добре дојде во новото поглавје на Luda Mara.


OAK EDITION

Нашата линија „Oak Edition“ е создадена од најпрефинето грозје, зреено во нови буриња од француски даб, коишто го даваат уникатниот вкус на овие вина. Заради користењето на затворачите стелвин, секогаш нудат свеж вкус, онака како што замислиле енолозите.


ЖЕСТОКИ ПИЈАЛАЦИ

Линијата Kumova Rakija внесува нова енергија и модерен изглед на омилените лозови ракии на „Тиквеш“, обединувајќи четири уникатни изрази во рамките на портфолиото Tikveš Premium Macedonian Spirits, останувајќи верна на оригиналните рецепти, вкусот и карактерот во кои потрошувачите имаат доверба. Создадена од врвно македонско грозје и вина во традиционалната бакарна колона на „Тиквеш“, Kumova нуди мазни, динамични ракии што секојдневните дружења и посебните прослави ги претвораат во моменти што се паметат.