Logo_C&D

„Tikveš Châteaux & Domaines“ обединува мали винарии што се наоѓаат на специфични и уникатни микролокации во Северна Македонија и Франција. Овие лозја го даваат апсолутно најдоброто грозје, што им овозможува на производителите на вино да го покажат своето мајсторство во создавањето на виното. Мноштвото награди што постојано ги красат овие префинети вина се доказ за вештината и за љубовта што се вложуваат во нив.

Barovo
Bela Voda
Damaine Lepovo
Babuna_Logo
Vrsnik_Logo-2
Château de Gourdon
Barovo
Bela Voda
Damaine Lepovo
Babuna_Logo
Vrsnik_Logo-2
Château de Gourdon

Barovo

„Domaine Barovo“ се смета за највисоката овошна градина на Балканот. Високите дневни температури, заедно со почвата од вулканско потекло, овозможуваат исклучителен квалитет на грозјето.


Bela Voda

„Domaine Bela Voda“ ужива 240 сончеви денови. Глинестата почва овозможува лозата да апсорбира сонце во текот на денот и да зрачи топлина навечер. Од оваа микролокација доаѓа црвеното вино што го носи истото име – „Bela Voda“, и кое доби 94 бода од Роберт Паркер за бербата 2010.


Damaine Lepovo

Од четирите различни винарии што му припаѓаат на „Tikveš Châteaux & Domaines“, овој локалитет ги има најограничените количества вино (не повеќе од 30.000 литри годишно). Близината на реката Вардар и нежниот ветер по неговото течение, заедно со повисоките дневни температури, придонесуваат за високата концентрација на шеќер што придонесува за полно тело на овие вина и нивна подложност за зреење во шише.


Babuna_Logo

Сместен во срцето на Македонија, регионот Бабуна се карактеризира со уникатна лозарска клима, под влијание на планината Клепа, реките Бабуна и Вардар, како и мешавина од континенталната и медитеранска клима. Нејзините почви богати со хранливи материи и локалниот биодиверзитет создаваат исклучителен тероар. Нашиот посед, опкружен со овие реки, ужива умерена микроклима, неопходна за постепено зреење на грозјето и развој на различните ароми и вкусови на нашите вина.


Vrsnik_Logo-2

Како дел од заложбата на „Тиквеш“ за промоција на вина од уникатни микролокации, во стратешка соработка со „Винарија Попов“, е развиен новиот бренд „Vršnik“. Белото и црвеното вино „Vršnik“ се дел од портфолиото на „Tikveš Châteaux & Domaines“ и го носат името на уникатниот локалитет на кој се одгледува грозјето од кое се создадени.


Château de Gourdon

Најновото дополнување на семејството „Tikveš Châteaux & Domaines“ е „Château de Gourdon“, винарија лоцирана во областа Côtes du Rhône во Франција. Првите лозја во оваа микролокација биле засадени во 1870 година и нудат уникатна слика за француското производство на вино.

Винарска визба „Тиквеш“

0