ВИНА ОД НАШЕТО НАСЛЕДСТВО

Вината од нашето наследство се нашите најстари и најпознати вински брендови – „Alexandria“ и омиленото „Т’га за југ“се совршен пример за традиционалниот начин на создавање вино во нашата земја.

АЛЕКСАНДРИЈА

Популарната „Alexandria“ е создадена во 1979 година, а премиум купажите „Alexandria Cuvée“ беа лансирани на пазарот во 2008 година. Со своите волшебни ароми и вкусови, вината „Alexandria“ се тука за вас како верен придружник во моменти на радост, шарм и славење.

АЛЕКСАНДРИЈА ПРЕМИУМ КУВЕ

Од средината на 2025 година, „Alexandria Cuvée“ го носи името „Alexandria Premium Cuvée“ – сега во полесно, еколошки одржливо шише и со елегантна нова етикета. Ознаката „Premium“ ја нагласува префинетата вредност на овие купажи, создадени од внимателно одбрани сорти и обликувани со современа винска експертиза.

T’GA ZA JUG

„Т’га за југ“ го доби името по легендарната македонска поема „Т’га за југ“ чиишто стихови автентично ги пренесува во секоја своја капка. Денес „Т’га за југ“ е наш најпознат вински бренд, а вкусот и телото на ова вино доаѓаат од најмоќната црна винска сорта вранец.

Винарска визба „Тиквеш“

0