Back to Новости и информации за медиуми

Нов деловен простор во Кавадарци по ESG стандарди

Во рамки на својата стратегија за континуирани инвестиции во одржлив развој и имплементација на ЕСГ стандардите, винарската визба „Тиквеш“ отвори нови деловни простории во Кавадарци. Новиот деловен простор се одликува со функционалност и модерен архитектонски изглед и се базира на принципите на одржливост, бидејќи во текот на изградбата се користени еколошки и одржливи материјали и во целост се имплементирани стандардите за енергетска ефикасност. Се користи и обновлива енергија, преку фотонапонската централа инсталирана за потребите на винарницата.

Дизајнот на просторот овозможува пространост и удобност, а внатрешното уредување е адаптирано на потребите на вработените особено во поглед на нивното здравје и благосостојба. Користен е ергономски ентериер и предвидени се простории за пауза и одмор и други видови на простории за вработените. Вкупната инвестиција во овој мултифункционален деловен простор изнесува еден милион евра.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0