Lyxa е врвот на портфолиото Tikveš Premium Macedonian Spirits – премиум македонски вињак, вкоренет во долгата дестилерска традиција на Македонија и „Тиквеш“. Инспириран од традиционалното производство на армањак, Lyxa е произведен од внимателно избрано вино и зреен во дабови буриња, а филигранската вештина на дестилерите му дава длабочина, комплексност и елегантност. Една филозофија, два израза: Lyxa VS, поовошен и посвеж, и Lyxa VSOP, подлабок и покомплексен.