Назад кон Новости и информации за медиуми

Свечено доделени WSET сертификати во „Вински едукатор“ на „Тиквеш“

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Над 60 учесници на обуките на Лондонската школа за вино и јаки алкохолни пијалаци – Wine & Spirits Education Trust (WSET) се стекнаа со сертификати посетувајќи ги обуките организирани од винската школа на „Тиквеш“. Ова се првите дипломи доделени на високо специјализирани обуки реализирани во рамки на школата, кои отвораат квалитативно нова ера во развојот на винската култура во нашата земја.

Од март годинава, досега, преку „Вински едукатор“, школа формирана од ВВ „Тиквеш“, кој е  овластен обучувач од страна на WSET, се одржани вкупно 11 обуки од прво и второ ниво според највисоките стандарди на Лондонската школа. За наредната година во план е проширување на можностите за обука преку „Вински едукатор“ и тоа со одржување на сертифицирани обуки од WSET од напредно, трето ниво, како и на факултативни програми на македонски јазик.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
Назад кон Новости и информации за медиуми