Back to Новости и информации за медиуми

„Траминец Класик“ и „Т’га за југ“ во новогодишни пакувања од 1 литар

Во пресрет на новогодишните празници, а следејќи ги расположенијата на нашите лојални потрошувачи, воведовме специјални пакувања на исклучително популарните вина „Траминец Класик“ и „Т’га за југ“.

Познатите вина добија новогодишно пакување од 1 литар, без притоа да се промени нивната цена на полица. Дополнителното количество вино од 250мл претставува подарок за многубројните љубители на овие наши вина.

Истите се достапни во сите трговски објекти ширум земјата за уживање со многу здравици во празничниот период кој следи.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0