Back to Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ го претстави првото вино од сертифицирано органско грозје

Во рамки на годинешното традиционално одбележување на Свети Трифун, празникот на лозарите и винарите, го претставивме „Domaine Lepovo Chardonnay“ од бербата 2021 – првото наше вино од сертифицирано органско грозје. Покрај „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“ почнувајќи од бербата 2021, сите останати вина од поседот Лепово ќе бидат произведени од органско грозје.

Органското производство на поседот Лепово е резултат на нашата определбата да ги следиме најсовремените светски трендови во одгледување на грозје и производство на вино, а истовремено претставува и интегрален дел од стратегијата и активностите за одржлив развој и зелена трансформација на винарницата.

Органското грозје се произведува по строга регулатива која бара ограничено користење на било какви средства за заштита и третмани. Сертификатот за органско производство е гаранција дека тие вина се произведуваат од грозје кое се одгледува на начин кој е во согласност со природата. Дополнително, воведени се и посебни енолошки постапки, како примена на т.н. диви квасци кои природно се создаваат на зрната од грозјето, како и одлежување и зреење на виното во посебни бетонски танкови и амфори.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0