Back to Новости и информации за медиуми

Струшки вечери на поезијата во знакот на 50-от јубилеј на виното „Т’га за југ“

Нераскинливата врска меѓу најпродаваното вино на „Тиквеш“ и Струшките вечери на поезијата трае веќе пет децении. Годинава, виното „Т’га за југ“ ја слави својата 50-годишнина, а сѐ започна во 1973 година, кога организаторите на фестивалот побараа од „Тиквеш“ да создаде специјално вино во чест на поетите учесници. Инспирацијата за специјалното вино енолозите на „Тиквеш“ ја нашле во песната на Константин Миладинов и му го дале името „Т’га за југ“.

Во чест на јубилејот што го слави виното „Т’га за југ“, годинава, поетите ја рецитираа песната на сите странски јазици на коишто е преведена, а беше изработена и посебна ретро етикета, со оригиналниот изглед од пред половина век. Партнерство на „Тиквеш“ и Струшките вечери на поезијата ќе продолжи да ја негува македонската култура и традиција, инспирирајќи нови генерации на поети и љубители на виното.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0