СВЕЖИНА ОД БАРОВО
Ви го претставуваме „Sauvignon Blanc Barovo“, прво од вината направени од одбрани сорти од селектирани микролокации, со кои оваа година ќе го збогатиме портфолиото на „Tikveš Châteaux & Domaines“.
Ова вино е создадено од грозје одгледано во Барово, на лозови насади кои се наоѓаат на надморска височина од 700 метри, посадени на вулканска почва и изложени на повеќе од 200 сончеви денови во текот на годината.
Водени од знаењето и искуството стекнати во Нов Зеланд и Јужна Африка – земјите кои ги поставија стандардите за вината создадени од сортата совињон блан, нашите енолози го избраа токму Барово како идеално место за одгледување на оваа сорта кај нас и создадоа карактеристично вино со раскошни вкусови и ароми.
„Sauvignon Blanc Barovo“ се одликува со свежина и изразен овошен карактер благодарение на големата разлика на дневните и ноќните температури во Барово, додека вулканската почва на која е посадено лозјето ги дава минералите во виното. Овој уникатен предел е под влијание на планинска, медитеранска и континентална клима, што овозможува долг период на зреење на грозјето и развој на интензивни ароми и вкусови.
Пробајте го „Sauvignon Blanc Barovo“ и откријте ги неговата свежина и извонредна убавина.