Back to Новости и информации за медиуми

Нов дизајн на „Т’га за југ“

Нашето популарно вино „Т’га за југ“ доби нов, модернизиран дизајн на етикета, со цел дополнително да го зајакнеме изградениот имиџ на овој бренд, неговата уникатност и  автентичност и да го доближиме до младата популација.

„Т’га за југ“ со децении е дел од сите пригоди и моменти што се дел од еден живот. И среќните и тажните, добрите и лошите, отсликувајќи ги контрастите од кои се состои животот. Полно со искуство и приказни, ова е виното со кое го славиме животот.

Токму затоа, новиот визуелен изглед е придружен од слоганот „Прослави го животот“. Овој слоган повикува и на создавање нови моменти за помнење, со што ќе продолжи традицијата за славење на животот со „Т’га за југ“.

Веруваме дека со новиот изглед, ова вино ќе ја задржи и унапреди својата популарност и позицијата на пазарот, обезбедувајќи ја долготрајноста на брендот.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0