Ново премиум вино на „Тиквеш“: Доживејте ја уникатноста на вината „Babuna“
Бабуна е најновата локација што „Тиквеш“ ја избра за создавање на вина од премиум сегментот. Сместена е во велешкото виногорје, во непосредна близина на реките Вардар и Бабуна и претставува совршено место за одгледување грозје со исклучителен квалитет. Со сите овие предности, Бабуна им се придружува на Барово, Лепово и Бела вода, како уште еден уникатен тероар во рамки на „Tikveš Châteaux & Domaines“.
Љубителите на вино ќе може да уживаат во белото и црвеното вино „Babuna“. Белото вино „Babuna“ е комбинација од сортите албарињо, шардоне и виоње. Се истакнува со својата свежина и изразени ноти на агруми и коскесто овошје. Вкусот на зрел лимон, грејпфрут и зелени сливи е заокружен со хармоничен финиш. Црвеното вино „Babuna“ е произведено од сортата плавец, вранец и сира се одликува со полно тело и мирис на капина, цреша и слива. Има вкус на црна цреша, аронија и црна рибизла и исклучително пријатен финиш во кој се чувствуваат зачини.