Back to Новости и информации за медиуми

Нашиот ресторан во Кавадарци е повторно отворен

Нашиот ресторан во Кавадарци е повторно отворен за сите што сакаат да уживаат во одлична храна и вината на „Тиквеш“. Подготвени сме за пречек на гости и во согласност со мерките за функционирање на угостителските објекти, ресторанот ќе работи на отворено во рамки на винарницата, почитувајќи ги правилата за физичко растојание и одржување хигиена при подготвувањето и послужувањето на храната.

Ве очекуваме со комплетно ново мени и врвни комбинации на храна и вино. За добро познатиот квалитет на специјалитетите подготвени во ресторанот на „Тиквеш“ се грижи тимот на готвачи, предводен од главниот шеф, Никола Стојаковиќ, кој ги носи своите префинети вештини изградени во Франција во ресторан со три Мишелин ѕвезди, во Македонија.

Резервирајте на: +389 43 447 519 или на restoran@tikves.com.mk

Работно време: Секој ден, од 10.00 до 22.00 часот, а согласно протоколот за работното време на летните тераси на угостителските објекти, приемот на гости е ограничен до 20.00 часот.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0