Награди

„Тиквеш“ – најтрофејна винарница од Југоисточна Европа во светот

Вината на „Тиквеш“ постигнуваат несекојдневни успеси на популарните вински натпревари ширум светот, вклучително во Велика Британија, Франција, Германија, Кина, што истовремено е есенцијална потврда за квалитет. Со просек од 100 награди и признанија на годишно ниво, скоро секое вино од екстензивното портфолио на „Тиквеш“ е наградено со медал или друго признание.

 

Помеѓу бројните и важни достигнувања, одредени се издвојуваат како најзначајни. На пример, платинестиот медал за црвеното вино „Barovo“ (берба 2015), освоен на Decanter World Wine Awards 2018, еден од најпрестижните и највлијателните вински натпревари во светот, кој се одржува во Лондон. Потоа, златниот медал и Трофејот – Најдобро македонско вино, за „Vranec – Luda Mara“на International Wine Challenge (IWC). Ова високо одликување го смести виното во исклучително малата група од само 1% од сите пријавени вина на натпреварот кои добиваат вакво признание. Познат по строгата методологија на оценување, IWC важи за еден од најсериозните вински натпревари во светот. Дополнително значење на оваа награда ѝ дава фактот што „Vranec – Luda Mara“ e вино произведено од локална винска сорта.

 

Квалитетот и автентичноста на вината на „Тиквеш“, го привлекоа вниманието и на најистакнатите вински критичари во светот, како Роберт Паркер и неговиот тим од „The Wine Advocate“. Со освоени 93, 94, и 95 од 100 можни поени за дури осум од своите вина, „Тиквеш“ е единствената винарница од Југоисточна Европа која постигнала толку висок резултат. Првата висока оценка, 94 поени, беше доделена од Паркер во 2012 година за црвеното премиум вино „Bela Voda“. По само две години, Паркер и неговиот тим ја покачија оценката за ова вино на импресивни 95 поени.

 

Извонреден успех беше постигнат и на пролетното издание на Mundus Vini во Германија, во 2021 и 2022 година. Ексклузивното црвено вино, „Terrase à l’Ombre“ доби голем златен медал,  награда која ја добиваат само најдобрите вина во светот, оценети со најмалку 95 бодови на скала од вкупно 100. На истиот натпревар, две последователни години, „Terrase à l’Ombre“ беше прогласено и за „Најдобро вино од долината на Рона“ , со што стана најдоброто вино во еден од најпознатите француски вински региони, во кој годишно се произведуваат 2 милиони хектолитри вино. И други вина на „Тиквеш“ се добитници на престижни награди на овој натпревар, како црвеното „Barovo“, белото “Bela Voda“ и „Vranec – Luda Mara“, на кои им е доделена специјалната награда „Најдобро вино од Македонија“.

Винарска визба „Тиквеш“

0