Back to Новости и информации за медиуми

„Луда Мара“ – нов вински бренд во портфолиото на „Тиквеш“

Следејќи ги пазарните трендови кои сѐ почесто ја наметнуваат потребата за дополнително истакнување на врската помеѓу виното, специфичното поднебје и регионот од кој тоа потекнува, креиравме нов вински бренд – „Луда Мара” со цел да ја зајакнеме нивната автентичност. Брендот „Луда Мара“ е наследник на добро познатата линија сортни вина „Special Selection“.

Новиот бренд го поврзавме со името на реката Луда Мара која поминува низ тиквешкиот регион и Кавадарци и која со својата уникатна природа и карактер, како и со бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на единствениот карактер на нашите вина.

Веруваме дека новиот вински бренд ќе биде брзо и лесно прифатен од потрошувачите и ќе ни овозможи полесно да ја раскажеме приказната за врвните македонски вина на странските пазари.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0