Политика на приватност

Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој ВВ Тиквеш (понатаму “Тиквеш”, “Ние”, “Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при организација на настанот „Тиквеш Фестивал на младо вино“ (понатаму настанот). Со вашето присуство на настанот, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност. За било кои информации можете да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци на Тиквеш во секое време преку е-маил: gdpr@tikves.com.mk или на телефон:  +389 43 447 534.

 

  1. КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ

За реализација на настанот, Тиквеш ги собира и обработува Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате во комуникација со нашите партнери и вработени. Доколку го преземете ова дејство се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за организација на настанот. Притоа, се обработуваат следните лични податоци:

  • Вашето име и презиме
  • Компанија (опционално)
  • Телефон
  • Е-маил адреса

Настанот се одржува во простор кој е под видео надзор на Контролорот, а согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци. За време на настанот, Тиквеш го задржува правото да врши фотографирање и снимање, или покани медиа компании за маркетинг цели на настанот.

 

  1. НАЧИН НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците за резервација на билет за настанот се собираат директно од Вас, односно во комуникација со нашите партнери и вработени. За време на настанот Вашето присуство ќе биде евидентирано и настанот ќе се одржи во простор кој е под видео надзор на контролорот. Настанот ќе биде проследен од неколку медиуми, а направените материјали ќе бидат објавени на социјалните мрежи .

 

  1. ЗА КОИ ЦЕЛИ СЕ СОБИРААТ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

Тиквеш ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

  • Успешна и безбедна реализација на настанот
  • Исполнување на маркетинг цели за настанот
  • За навремено информирање и контакт по електронска пошта

 

  1. НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Тиквеш коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци. Обработката на Вашите лични податоци ја врши Тиквеш согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Дополнително, Тиквеш применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои Тиквеш има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон. Воедно, со повлекување на Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци потврдувате дека нема да присуствувате, односно нема да добивате информации за следните настани на „Тиквеш Фестивал на младо вино“.

Тиквеш го задржува правото да дозволи обработка на Вашите лични податоци од трети лица за успешна реализација на настанот или остварување на маркетинг цели на истиот.

 

  1. ВАШИ ПРАВA

Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци на Тиквеш во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве:

  • Право на информации и право на пристап на субјектот до личните податоци
  • Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци
  • Право на бришење на личните податоци
  • Право на ограничување на обработката
  • Право на преносливост на податоците – право да ги добиете ваши лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор;
  • Право на приговор против обработката на личните податоци;
  • Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста и
  • Право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

 

  1. ДАВАЊЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

 

  1. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ

Тиквеш не врши пренос на лични податоци во трети држави.

 

  1. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ ОД КОНТРОЛОР

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со присуството на настанот, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

 

  1. ДАТУМ НА ОБЈАВА НА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

1.Август.2021 година

 

  1. ПОСЛЕДЕН ДАТУМ НА АЖУРИРАЊЕ НА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

15.Ноември.2021 година