Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Нашата мисија е да создадеме можности за сите љубители на виното насекаде во светот, да можеме да ја збогатиме секоја општествена пригода со неповторливото искуство на вината на Тиквеш и да ја споделиме нашата страст за живот.

Отсекогаш сме имале склоност за надминување на очекувањата, прифаќање на иновациите и освојување на новите пазари.

Светозар Јаневски

Претседател на Надзорниот одбор

Во 2003 година направивме трансформација во нашиот професионален живот. Бев решен да продолжам со постојано подобрување. Од тој момент, се посветив на идејата дека боите на оваа земја, нејзиниот народ, неговиот пејсаж, музиката и аромите треба да бидат пресликани и преточени во нашиот македонски производ. Ние во „Тиквеш“ се обидовме во нашите вина да прикажеме сè што нашите сликари и музичари се стремеле да прикажат во нивната уметност.

Во нашите вина може да се почувствува мистериозноста на магливоста и на утринската роса во долината Барово, надреалната тишина на Бела вода и песочните падини и топлото ветре во Лепово.

Доколку успеавме да ги доловиме овие карактеристики и ако навистина можете да ги почувствувате, тоа значи дека сме успеале да ви ги пренесеме нашиот сон и нашата визија.

ГОДИШЕН ОБРТ

0
милиони евра

КАПАЦИТЕТ ЗА ВИНИФИКАЦИЈА

0
милиони литри

СОПСТВЕНИ ЛОЗОВИ НАСАДИ

0
хектари

КОНТРОЛИРАНИ ЛОЗОВИ НАСАДИ

0
хектари

ВИНСКИ ПОДРУМ

0
м²

ИНВЕСТИЦИИ

0
милиони евра

ФРАНЦУСКИ ДАБОВИ БУРИЊА

0

ГОДИШНА ПРОДАЖБА НА ФЛАШИРАНО ВИНО

0
милиони

Вината на „Тиквеш“ растат на лозја што се облиени од сонце, обработувани со многу љубов и се прават и полнат од страна на врвни експерти во винската индустрија на светско ниво. Наградите што нашите вина ги освојуваат се крајниот доказ за нашата посветеност кон највисокиот квалитет.

… Грозјето од нашите лозја се бере рачно и се селектира зрно по зрно.

Радош Вукиќевиќ

Генерален директор

Врвниот квалитет на вината и наградите и признанијата од најпрестижните вински натпревари и авторитети во светот го пробиваат патот на „Тиквеш“ кон самата елита на светската винска индустрија.

Зад секој од овие успеси стојат постојаните инвестиции во знаењето и технологијата, но и нашите луѓе, пасионирано посветени на авантурата на создавање на виното.

Како најголема, но и една од најмодерните винарници во Југоисточна Европа, ние самосвесно ја презедовме улогата на предводник на винската индустрија од регионот, на патот на препознатливоста на овдешното вино во целиот свет.

Филип Камби

Главен вински консултант

Во Македонија пронајдов одлични тероар локации што ги користат благодетите на топлите лета и ладните зими на континенталната клима. Овие локации се непроценливо важни во Европа бидејќи се разликуваат во голема мера и на многу карактеристичен начин од тероарите во другите важни земји – производители на вино, како што се Италија, Франција и Шпанија.

Овде имаме вина со поголема свежина и минералошки состав, со поинтензивни ароми со нагласено овошен карактер. Постои општ тренд за садење европски сорти на винова лоза, но ние, во винарската визба Тиквеш, тргнавме во нов правец на пресоздавање на македонската винска приказна преку нејзината историја.

Ги истражуваме старите лозја за да откриеме вина што не може да се направат на кое било друго место во светот.

Марко Стојаковиќ

Главен енолог

Главниот енолог Марко Стојаковиќ е клучно лице во нашата винарска визба. Неговите корени се во регионот – роден е во Србија но пораснал и се образувал во Франција, во Бордо и Монпелје.

Како штитеник на Камби, пристигнал во винарската визба Тиквеш на возраст од само 27 години, во 2010 година, препознавајќи вистинска можност да направи значајна разлика.

Објаснува дека иако ова е голема компанија, тој ја чувствува како дом и семејство и дека луѓето во неа се отворени и прогресивни.

Тој раководи со тим од 12 енолози кои редовно патуваат во Нов Зеланд, Јужноафриканската Република и Австралија за да научат повеќе, што претставува невообичаено отворен став во регионалната практика.

ТИМ КОЈ ПОБЕДУВА

Нашите луѓе се нашата најголема вредност. Од нив почнуваат сите вински приказни и авантури. Зад сите успеси стојат оние што секојдневно се вложуваат во винарницата, но и нашите соработници, вклучени во сите сегменти од работењето на компанијата, од лозјата, преку создавањето на виното, па сѐ до продажбата на глобален пазар. Сите тие го сочинуваат Тимот на Тиквеш, во чиј натамошен развој континуирано вложуваме, бидејќи цврсто веруваме дека луѓето се столбови на секој наш успех.

Тимот на Винарската визба „Тиквеш“ е совршен спој на мудрост и младост, на искуство и ентузијазам, на големо знаење и постојана желба за учење, на талент и желба за постојано усовршување…

Она што ги поврзува и што е заедничко за сите луѓе на „Тиквеш“ е уверувањето дека успехот на „Тиквеш“ е воедно и поединечен успех и нешто на кое секој од нас е особено горд.

Традицијата на винарството во Македонија и Тиквешијата е вековна. Уште од времињата на Римската Империја е запишано дека во Македонија се создаваат чудесно моќни вина со мирис на југот, вкус на песната и насмевките на луѓето што живеат на овие простори.

Во создавањето на таа долга винска традиција во нашата земја, а особено во тиквешкиот регион, вклучени се безброј вредни и вешти лозари и винари од минатото и од сегашноста. Голем удел во создавањето, негувањето и промоцијата на таа традиција во земјата и ширум светот, ѝ припаѓа токму на винарската визба „Тиквеш“.

Врвните вина кои се резултат на совршениот спој на земјата, небото, сонцето, најдоброто грозје од тиквешкиот регион и најсовремената технологија и знаење на винските мајстори, гордо го претставуваат „Тиквеш“ и Тиквешкиот регион, кој уште од 1885 година е симболот на вековната винска традиција во Македонија.

  • 1885

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Во периодот од крајот на XIX и почетокот на XX век, светот, а особено регионот на Југоисточна Европа е во виорот на интензивни политички и социо-економски промени. Некои од тие промени го будат и претприемачкиот дух на поединци и угледни семејства во тиквешкиот вински регион кои согледувајќи го потенцијалот за развој и комерцијализација што тој го нуди, започнуваат да создаваат вински подруми во кои се произведуваат квалитетни вина во шишиња на чии етикети јасно се истакнува географското потекло на виното. Со тоа вековната традиција за производство на вино за првпат добива име кое генерички го поврзува со регионот во кое настанува, а тоа е … „Тиквеш“. Првото споменување на „Тиквеш“ во пишан документ се поврзува токму со овој период, поточно со годината 1885-та, која се смета и за година кога за прв пат започнува организираното производство и продажба на вино во Македонија.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 1914

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Појавата на болеста филоксера речиси целосно ги уништува автентичните сорти грозје како: жилавка, станушина, мустеник, пловдина, белерче, сивјак… нанесувајќи му удар на лозарството во поширокиот регион. Но, тиквешките лозари и винари се обединуваат и ги носат американските хибридни сорти грозје, за лозарството и винарството во Тиквешијата повторно да блесне.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 1930-1940

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Период кога производството на вино во Тиквешкиот регион добива на интензитет. „Тиквеш“ станува препознатлив на Балканот и пошироко, а производи од тиквешкиот вински регион се продаваат во Србија, Албанија, Северна Грција, Турција, Египет и на други меридијани.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 1946-1948

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Државата донесува Закон за национализација на приватната сопственост. Со цел да го окрупни производството на грозје, вино и ракија, државата формира претпријатие во кое влегуваат сите национализирани имоти, лозови насади и винските подруми на познати лозарски семејства: Аџилазови, Велкови, В’чкови, Грозданови, Данови и други. Природно, ова државно винско претпријатие го добива името „Тиквеш“. Потоа почнува и изградбата на современа винарска визба со многукратно зголемен капацитет.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 1952-1969

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Државното претпријатие „Тиквеш“ поминува низ бројни организациски и интеграциски процеси. Со припојување на неколку помали земјоделски стопанства, создаден е агрокомбинатот „Тиквеш“. Винскиот подрум кој се наоѓа во негов состав станува најголемата винарска визба во Југоисточна Европа.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 1956

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Формирана е винска архива на „Тиквеш“, како хроничар за одличните берби. За нив сведочат илјадниците стари шишиња вино кои грижливо се складирани во оваа специјална просторија во винскиот подрум во Кавадарци. Винската архива е создадена на иницијатива на Јосип Броз Тито кој по посетата на „Тиквеш“ бил убеден дека винарницата треба да чува стари вина од најдобрите берби, по примерот на најпознатите светски производители.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 1973

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Создадено е виното „Т’га за југ“ во чест на манифестација „Струшки вечери на поезијата“ која секоја година ги собира најпознатите поети од целиот свет. Токму при една од посетите на поетите на винарницата, тие предложиле виното направено во нивна чест да се вика токму „Т’га за југ“, според истоимената поема на познатиот македонски поет Константин Миладинов. Заради префинетиот вкус кој се негува со години и автентичната приказна која буди емоции и асоцијации поврзани со топлината и убавината на Македонија, освен на домашниот пазар, ова вино станува особено популарно и во земјите од поширокиот регион.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 1978

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    По повеќекратни зголемувања на капацитетите за сместување и одлежување на виното, изграден е и пуштен во употреба новиот централен погон за флаширање со автоматска линија за полнење со капацитет од 6000 шишиња на час.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 1980-1990

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Во овој период стратегијата на „Тиквеш“ била насочена кон „рушење рекорди“ во сите сегменти од производството. Во тој поглед, карактеристична е 1984 година, кога заради одлуката да се откупи целокупниот род на грозје од тиквешкиот регион, винарницата морала да го користи и градскиот базен во Кавадарци за привремено складирање на грозјето. Во овој период, „Тиквеш“ значително го зголемува своето производствено портфолио. Лансирана е новата серија вина „Александрија“ која веднаш наидува на добар прием кај потрошувачите. Вината на „Тиквеш“, за својот квалитет, добиваат голем број награди и признанија на сите значајни регионални и светски саемски манифестации и вински натпревари. Истовремено, зголемениот квантитетот во производството на грозје барал од винарницата да ги зголеми количините за производство на вино, кое покрај во шишиња, се пласирало и како наливно, особено на пазарните во земјите од некогашна Југославија, но и на странските пазари. Но, заради турбуленциите кои настанаа со распадот на тогашната федерација и длабоките општествени и економски промени што следуваа, „Тиквеш“ мораше да бара нови начини како да се прилагоди за да може да продолжи со развојот.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 2003

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Инвестициската група „М6“ ја купува винарската визба „Тиквеш“ и започнува со реализација на обемен инвестициски циклус за целосна модернизација на винарницата. Особено внимание се посветува на унапредување на процесот на производство во целина, од одгледувањето на грозјето, бербата, па сè до добивањето на финалниот производ. Целокупната развојна стратегија се насочува кон зголемување на квалитетот на виното. Почнува да се инвестира во проширување на производственото портфолио со воведување на нови серии вина како „Special Selection“ и „Alexandria Cuvée“, а дотогаш добро познатите и широко прифатени вина на ВВ „Тиквеш“ стануваат дел од серијата „Класик“.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 2008

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Обемните инвестиции во ВВ „Тиквеш“ вродуваат со плод и добиваат широка меѓународна верификација. На „Wine Innovation Forum“ во Париз, брендот „Тиквеш“ е прогласен за еден од 30-те најиновативни вински брендови во светот.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 2010

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Лансирани се новите серии „тероар“ вина „Бела вода“ и „Барово“, произведени од сопствени строго контролирани лозови насади. Овие вина се именувани според микролокациите каде се лоцирани лозовите насади и кои по своите карактеристики, во поглед на климатските услови и почвата, овозможуваат одлични услови за одгледување винова лоза и производство на врвни вина. На овие вина стои потписот на светски познатиот енолог и вински консултант Филип Камби, кој со своето знаење и огромно искуството, му помага на „Тиквеш“ во постојаното усовршување на виното и создавање на нови софистицирани вина и блендови.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 2011

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Еден од најпознатите светски вински критичар Роберт Паркер (Robert M. Parker) го оцени со 94 поени виното „Бела вода“, берба 2010-та. Со ваквата исклучително висока оценка, Паркер го сврсти ова црвено „тероар” вино на ВВ „Тиквеш“ меѓу најквалитетните и најценетите вина во светот. „Бела вода“ 2010 е првото вино од Македонија и регионот кое дотогаш било оценето од вински критичар со светско реноме. Во 2014-та година Паркер ги повтори високите оценки за вината „Бела вода“ од три последователни берби, а дополнително високо беа оценети и вината „Барово“.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 2014

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    ВВ „Тиквеш“ отвора ново поглавје во својот развој. Лансирано е првото вино од ексклузивната серија произведена во новата, мала (бутик) винарница „Домен Лепово“. Целокупниот процес за производство на овие ексклузивни вина се одвива на истиот посед каде што се наоѓаат лозјата, кој со сите свои карактеристики е идеален за одгледување грозје и производство на префинето вино со извонреден квалитет. Осум вина на Винарската визба „Тиквеш“ добија високи 93, 94, 95 / 100 поени од светски познатиот вински критичар Роберт Паркер и тимот на „The Wine Advocate“.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 2015

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    На најпознатите светски вински натпревари, вината на винарската визба „Тиквеш“ освојуваат 50-тина награди, признанија и високи оценки од светски познати критичари. Со тоа ВВ „Тиквеш“ го потврдува епитетот најнаградувана винарница во земјава, но и пошироко во регионот.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 2018

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Година кога „Тиквеш“ го собори сопствениот рекорд во освоени награди на најпознатите светски вински натпревари, достигнувајќи ја бројката од 68 награди и признанија и одново потврдувајќи го епитетот најнаградувана винарница во земјава, но и пошироко во регионот. Црвеното тероар вино „Барово“ од бербата 2015 го доби платинестиот медал – највисоката награда на еден од најзначајните специјализирани светски вински натпревари „Декантер“ во Лондон. За првпат едно македонско вино освојува ваква престижна награда во светски рамки. Истата година беше финализираше аквизицијата на француската винарница Château de Gourdon во областа Côtes du Rhône – исклучително значаен чекор во развојната стратегија и во проширувањето на присуството на меѓународната винска сцена.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
  • 2019

    Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.
    Лансирана е нова бренд-платформа Tikveš Chateaux & Domainеs која ги вклучува премиум вината произведени на специфичните микролокации Бела вода, Барово, Лепово и вината произведени во француската винарница Château de Gourdon, дел од „Тиквеш“ од ноември 2018. Црвеното вино „Барово 2015“ освои два значајни медали на Decanter 2018, во Лондон, В. Британија. Оценувачкиот панел му додели златен медал на ова вино, по што беше дел од посебна оценувачка сесија на која беше издвоено од останатите добитници на високи награди и му беше доделен платинест медал.
    Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.