Назад кон Новости и информации за медиуми

Десет медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ на натпревари во Германија и Сингапур

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

На годинешното пролетно оценување на вината во рамки на најголемиот вински натпревар во Германија и еден од најпрестижните во светот – „Mundus Vini“, златни медали освоија пет врвни вина на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“, и тоа: црвените вина „Bela Voda 2016“ и „Alexandria Cuvée“ и „Vranec SS“ од бербата во 2017-та, како и белото „Barovo 2018“ и „Domaine Lepovo rosé“ од бербата во 2018-та. На истиот натпревар сребрени медали освоија вината: „Barovo“ (црвено), берба 2016, „Sauvignon Blanc SS“ (бело), берба 2018 и „Domaine Lepovo Chardonnay“ (бело), исто така од бербата во 2018-та.

Истовремено, на еден од најпрестижните и најголеми натпревари на азискиот континент, што се одржува во Сингапур, вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија два златни медали и тоа на своето прво учество на овој натпревар. Конкретно, златни медали освоија двете врвни црвени вина: „Barovo“ од бербата 2016 и „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ од бербата во 2015-та.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
Назад кон Новости и информации за медиуми