Назад кон Новости и информации за медиуми

Вкупно 22 награди за вината на „Тиквеш“ на натпревари во Британија, Франција и Швајцарија

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Дури 17 вина на „Тиквеш“ се наградени на годинешниот меѓународен вински натпревар – „International Wine Chalenge (IWC)”, кој по 36-ти пат се одржа во Лондон, В. Британија.

Во жестока конкуренција, седум вина на ВВ „Тиквеш“ добија сребрени, а осум вина бронзени медали, додека две вина се посебно пофалени. Меѓу наградените се најдоа вина од сите сегменти на винското портфолио на „Тиквеш“.

На уште еден престижен меѓународен вински натпревар, специјализиран за розе вина, што се одржува во Кан, Франција, виното на ВВ „Тиквеш“ – „Alexandria Cuvée Rosé 2018“ беше единственото вино од целиот поширок регион што доби златен медал, додека на годинешното издание на познатиот вински натпревар „Concours Mondial De Bruxelles“ што се одржа во Швајцарија, четири вина на „Тиквеш“ освоија награди, меѓу кои и виното „Muscat Ottonel Special Selection 2018“ кое е наградено со златен медал.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
Назад кон Новости и информации за медиуми