Back to Новости и информации за медиуми

„Žilavka Bela Voda“ – ново свежо вино во богатото портфолио на „Тиквеш“

„Тиквеш“ создаде уште едно високо квалитетно вино од специфична локација. „Žilavka Bela Voda“ е дел од „Tikveš Châteaux & Domaines“ и е произведено од грозје одгледано на лозови насади сместени на добро познатата микролокација Бела вода, каде постојат совршени услови за одгледување на сортата жилавка. Ова е исклучително свежо вино со ароми на агруми, како и на круша, зелено јаболко и цветни и билни ноти. Со своето полно тело и вкус во кој се чувствуваат лимон, киви и грејпфрут, „Žilavka Bela Voda“ ќе ги освои сите љубители на виното што сакаат да откриваат нови уникатни вкусови.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0