Назад кон Новости и информации за медиуми

„Pinot Grigio Luda Mara“ – идеално освежување

Портфолиото на „Тиквеш“ го збогативме со ново вино од сортата пино гриџо. Грозјето за производство на „Pinot Grigio Luda Mara“ доаѓа од микролокацијата Вршник од Тиквешкото виногорје, извонреден тероар за производство на оваа винска сорта.

„Pinot Grigio Luda Mara“ е исклучително лесно и свежо вино со интензивни ароми на зелено јаболко и зрели цитрусни овошја. Добро изладено, совршено се комбинира со свежи салати, пилешко и морски плодови и е идеално вино за освежување во пролетните и летните денови.

Назад кон Новости и информации за медиуми