Златен медал за црвеното вино „Vase de Pierre 2017“ на престижниот вински натпревар „MUNDUS VINI“ во Германија
Врвното црвено вино „Vase de Pierre 2017“ се закити со златен медал на еден од најпрестижните вински натпревари „MUNDIS VINI“, што се одржува во Германија.
Ова вино е произведено во француската винарница „Château de Gourdon“, која е дел од „Tikveš Châteaux & Domaines“, а високата награда му беше доделена од жири комисијата составена од 170 вински експерти од 45 земји од светот, во рамките на летната сесија на тестирање.