Назад кон Новости и информации за медиуми

Високи оценки за девет премиум вина на „Tikveš Châteaux & Domaines”

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Познатиот независен вински критичар Џеб Данак (Jeb Dunnuck), кој произлегува од тимот на „Wine Advocate“ на прочуениот вински експерт Роберт Паркер, додели високи оценки за девет премиум вина на „Tikveš Châteaux & Domaines”. Притоа, шест од оценетите вина од страна на Данак добија над 90 поени, оценки кои традиционално се резервирани за премиум вина од најпознатите вински региони во светот.

Меѓу наградените вина, шест се од македонските вински локалитети на „Тиквеш“ – црвеното „Barovo 2016“, белото „Barovo 2018“, црвеното „Bela Voda 2016“ кое доби високи 93 поени од можни 100, белото „Bela Voda 2018“, „Domaine Lepovo Grand Cuvèe 2016“ и „Domaine Lepovo Chardonnay 2018“, а три од француската винарница „Château de Gourdon”, која ВВ „Тиквеш“ ја презеде минатата година. Тоа се белите „Fontaine du Sud 2018“ и „Terrasse au Soleil 2018“ и црвеното „Vase de Pierre 2017“.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
Назад кон Новости и информации за медиуми