Ново пакување од 0,5л за „Смедеревка“ и „Розе“
Најпопуларните вина во стандардниот сегмент – „Смедеревка“ и „Розе“, отсега и во пакување од 0,5 литри. Со овој новитет во портфолиото на ВВ „Тиквеш“ нашите вина се уште подостапни за потрошувачите, истовремено нудејќи им нов, попрактичен начин на консумација на нашите производи.
Атрактивниот изглед, употребата на навојни затворачи, добро познатиот квалитет и привлечната цена се карактеристики кои сега се надополнети и со различна големина на пакувањето. Веруваме дека „Смедеревка“ и „Розе“ во пакување од 0,5л ќе бидат вистински избор за летните месеци, претставувајќи алтернатива на други категории на пијалаци и ќе придонесат за создавање на нови навики за консумација на вината од оваа категорија.