Нови медали и признанија за вината на „Тиквеш“ на регионално и светско ниво
Врвното црвено вино „Cabernet & Merlot Oak Edition 2017” ja доби специјалната награда „Најдобро на натпреварот“ (Best of Show) на најголемиот регонален вински натпревар „Balkans International Wine Competition 2019“, што по осми пат се одржа во Софија, Бугарија и на кој учествуваа сите поголеми прозводители на вино од земјите на Балканот и пошироко. Уште дополнителни седум вина од бренд-платформата „Tikveš Châteaux & Domaines“ освоија медали. При тоа, златни медали освоија три вина, а сребрени и бронзени медали освоија по две вина.
Покрај во регионални рамки, вината на „Тиквеш“ продолжуваат да освојуват високи награди и признанија и на реномирани вински натпревари кои се одржуваат на глобално ниво. Па така, црвеното вино „Barovo” од бербата 2016 е наградено со сребрен медал на реномираниот вински натпревар „Selections Mondiales des Vins“ што се одржува во Канада.