Претставени првите четири вина произведени на сопствениот посед во Франција
На македонскиот пазар станаа достапни првите четири вина произведени во француската винарница „Château de Gourdon“, која од ноември 2018-та година е дел од „Тиквеш“. Тоа се премиум вината: Fontaine du Sud (бело), Mistral au Jardin (розе) и Vase de Pierre (црвено), како и белото ‘icon’ вино Terrasse au Soleil. Овие четири вина се дел од целосно обновеното портфолио на винарницата „Château de Gourdon“ кое го сочинуваат вкупно седум вина. Планирано е останатите три вина од ова портфолио да пристигнат на домашниот пазар до крајот на оваа година.