Освоени 15 награди и повторно златен медал за врвното црвено вино „Barovo“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“
Вината на „Тиквеш“ и ‘тероар’ вината од новата бренд-платформа „Tikveš Châteaux & Domaines“ забележаа одличен успех на еден од најголемите и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter“, кој по 16-ти пат се одржува во Лондон. Врвното црвено ‘тероар’ вино „Barovo“ од бербата 2016-та и оваа година освои златен медал во конкуренција од над 16.500 вина од 57 земји.
Дополнително, на годинешниот светски вински натпревар „Decanter“, сребрени медали освоија четири врвни вина, уште четири други вина се наградени со бронзени медали, а шест врвни вина на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domaines“ добија специјални пофалници.