Традиционална крводалителска акција во „Тиквеш“
Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година ја организира традиционалната акција за доброволно дарување крв, која се одржa во просториите на винарницата во Кавадарци.
Во оваа хумана иницијатива, на доброволна основа, учество земаа голем број вработени и членови на менаџерскиот тим на „Тиквеш“. Акцијата претставува дел од заложбите на компанијата за општествена одговорност и поддршка на заедницата, со цел да се помогне на оние на кои крвта им е најпотребна.
„Тиквеш“ е колектив со длабоко вкоренета традиција на хуманост и солидарност, што го потврдува и континуираното организирање крводарителски акции со децении наназад. Вработените, како и менаџментот на компанијата, со својот чин ја демонстрираат својата несебичност и подготвеност да помогнат, што е одлика на луѓе и компании што знаат да го препознаат значењето на дарувањето крв – чин што може да спаси живот.
Крводарителската акција во ВВ „Тиквеш“ беше реализирана со поддршка на стручен тим на Црвениот крст, со кој винарницата негува долгогодишна соработка во реализација на различни хуманитарни активности.
Дарувањето крв е привилегија на здравите и истовремено голема надеж за болните. Со оваа акција, вработените и менаџментот на „Тиквеш“ уште еднаш покажуваат дека хуманоста е дел од нивниот личен и професионален кодекс на вредности.