Back to Новости и информации за медиуми

Тиквеш го поддржа уличниот фестивал Статуафест

„Тиквеш“ и оваа година го поддржа добропознатиот уличен фестивал Статуафест што по осми пат се одржа во центарот на Скопје. Од 16 до 18 мај, секое попладне со почеток во 18.30 часот, артистите ги раскажуваа различните приказни во рамки на годинешната тема на фестивалот – „Прекинати врски“.

Уличните артисти го привлекоа вниманието на бројните минувачи и со својата креативност ја разбудија нивната имагинацијата, испраќајќи важни пораки поврзани со врските што луѓето ги создаваат во текот на својот живот. Уличниот фестивал Статуафест го овозможува креативното изразување на уличните артисти и ја збогатува културно-уметничката понуда во Скопје.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0