Back to Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ ги претстави трендовите во винската индустрија на „Weekend Food Festival 2024“

Од 19 до 21 април, во Ровињ, Хрватска, по третпат се одржа „Weekend Food Festival“, настанот кој ги обединува експертите и професионалците од индустријата за храна и пијалаци, угостителството и од туризмот, за да дискутираат за актуелните трендови и иднината на гастрономијата.

Богатата тридневна програма беше исполнета со презентации и панел-дискусии на светски познати готвачи и истакнати имиња од гастрономската сцена. Дел од програмата беше и специјалниот мастерклас „Tikveš Châteaux & Domaines – Тероар во чаша“, на кој беа претставени дел од нашите вина од специфични микро-локации, како експресија на поднебјето во кое се создадени.

Освен што можеше да се запознае со нашите вина и со историјата и умешноста на винарницата за создавање премиум вино, публиката на годинешното издание на „Weekend Food Festival“ имаше единствена прилика да слушне и детали за инспиративниот професионален пат на претседателот на УО на „Тиквеш“ Светозар Јаневски, за време на сесијата насловена „Разговор со легенда“.

Во текот на динамичниот дијалог, Светозар Јаневски сподели значајни информации за актуелните прашања во винската индустрија, истакнувајќи го значењето на континуираното вложување во развојот на вработените, модернизацијата и употребата на вештачка интелигенција и дигитални алатки во лозарството, како и употребата на современа технологија и стандарди, за ефективна борба со климатските промени и за одржлив развој на винарницата.

Фестивалот беше извонредна можност за размена на искуства за најновите трендови во индустријата за храна и пијалаци и истакнување на улогата што „Тиквеш“ ја има на регионално ниво во обликувањето на иднината на оваа индустрија.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0