Back to Новости и информации за медиуми

Вината на „Тиквеш“ пред очите на светската јавност на „ProWein2024“

„Тиквеш“ за прв пат се претстави со сопствен штанд на најпознатиот интернационален вински саем „ProWein“, кој се одржува во Дизелдорф, Германија, од 10 до 12 март.

За време на саемот „Тиквеш“ организира мастеркласови со македонски и странски вински експерти кои ги претставуваат врвните македонски вина.

Посебен мастерклас за вината на „Тиквеш“ беше одржан и на штандот на Meininger, каде за вината од автентичните микролокации во земјава зборуваше искусниот ескперт Томас Брандл.

На свечената церемонија за доделување на награди во склоп на „ProWein“, беше доделена и престижната награда која „Тиквеш“ ја освои на „Mundus Vini 2024“ за Bela Voda White, Best of Show North Macedonia white.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0