Back to Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ на Копаоник бизнис форум 2024

Унапредување на регионалната соработка, поттикнување на економскиот раст и обезбедување одржлив развој беа темите во фокус на годинешното издание на Копаоник бизнис форумот, кој од 3 до 6 март се одржа во соседна Србија.

Свое обраќање на оваа реномирана деловна конференција имаше претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“ Светозар Јаневски, кој се осврна на значењето на соработката меѓу земјите од Западен Балкан, нагласувајќи дека таа игра клучна улога за остварување на колективен просперитет.

На панелот посветен на ЕСГ стандардите говореше Kатерина Костовска, менаџер за продажба на интернационални пазари во „Тиквеш“, која ги претстави одржливите практики на компанијата. Како единствена винарница во регионот што во своето работење ги има воведено ЕСГ стандардите, примерот на ВВ „Тиквеш“ беше особено значаен во дискусијата за начините на кои компанијата создава долгорочна вредност и позитивно влијае врз животната средина, општеството и ги подобрува своите перформанси во доменот на корпоративното управување.

На форумот присуствуваше и генералната директорка на „Тиквеш“ Бранка Славеска. Во нејзиното интервју во рамки на форумот, таа ја истакна важноста на ваквите настани за размена на искуства и за зајакнување на регионалната соработка, како и значајниот придонес што со своите активности го дава „Тиквеш“ за развој на целиот регион и за негова препознатливост на глобално ниво.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0