Претставени новите вина „Vršnik“ кои избоилуваат со уникатни вкусови
Како дел од заложбата на „Тиквеш“ за промоција на вина од уникатни микролокации, во стратешка соработка со „Винарија Попов“, беше развиен новиот бренд „Vršnik“. Белото и црвеното вино „Vršnik“ се дел од портфолиото на „Tikveš Châteaux & Domaines“ и го носат името на уникатниот локалитет на кој се одгледува грозјето од кое се создадени.
Белото вино „Vršnik“ е спој на сортите пино гриџо, совињон блан и шардоне, со овошен мирис и суптилни билни ноти, изразена свежина и вкус на лимон со мала доза на зачини.
Црвеното вино „ Vršnik “ е произведено од сортите сира, мерло, каберне франк и карменере. Во него, мирисот на капина, цреша и јагода е проследен со ноти на црн бибер. Има меки танини и вкус на капина, црна рибизла, кандирано овошје и пријатен овошен финиш.