„Тиквеш“ дел од меѓународна конференција по повод Светскиот ден на Вранецот
И оваа година, на 5 октомври, беше одбележан Светскиот ден на Вранецот, со цел да се продолжи со негово етаблирање во меѓународни рамки и издигнување на рамниште со останатите добро позиционирани сорти на светско ниво. По тој повод беше организирана меѓународната конференција посветена на сортата вранец, по која следуваше вински салон на кој беа претставени различни вина од оваа сорта.
Претставници на „Тиквеш“ учествуваа на конференцијата споделувајќи ги своите сознанија и искуства во доменот на производството на вино од сортата вранец и пласманот на овие вина на странски пазари, додека вината на „Тиквеш“ од сортата вранец беа дел од дегустацијата за посетителите на винскиот салон. Дополнително, на овој ден, „Тиквеш“ реализираше продажни и промотивни активности, придонесувајќи кон популаризација на сортата и доближување на нејзините карактеристики до потрошувачите.
Винарската визба „Тиквеш“ редовно учествува во одбележување на Светскиот ден на Вранецот, кој годинава се одржа по петти јубилеен пат.