Back to Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ инвестира во технолошки напредок: Во функција првата современа мобилна полнилница за вино во земјава

Во серијата технолошки новини што ги воведува „Тиквеш“ за натамошно унапредување на процесот на производството на висококвалитетни вина е и мобилното полнење на вино. Пристигнувањето на првата мобилна полнилница за вино во Македонија е резултат на долгогодишната соработка на „Тиквеш“ со светски познатиот италијански производител на опрема за полнење на вино  – „GAI“.

Главната придобивка од употребата на мобилната технологија и опрема за полнење е во тоа што со неа се овозможува виното да се наполни во шишиња онаму каде што и се произведува, односно на самиот посед. На ваков начин со овозможува виното да го задржи својот висок квалитет, бидејќи се избегнува неговиот транспорт до оддалечените постојки за полнење.

Првите вина што беа наполнети со помош на оваа современа мобилна опрема се вината кои се произведуваат на поседот „Domaine Lepovo“, каде е лоцирана и истоимената бутик-винарница.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0