Голем успех на вината на „Тиквеш“ на „Mundus Vini” во Германија
На пролетното издание на еден од најкредибилните вински натпревари во светот – „Mundus Vini“ 2023, вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domainеs“ освоија една специјална награда, четири златни и две сребрени медали, во силна конкуренција на познати вински брендови од целиот свет.
Највисоки оценки – златен медал и специјална награда „Најдобро црвено вино од Македонија“ доби виното „Vranec Luda Mara 2020”. Златен медал освои и новото вино што допрва ќе се најде на пазарот „Babuna red 2021“, во кое доминира сортата плавац мали, како и вината „Terrasse a l’Ombre 2020” и „Domaine Lepovo Grand Cuvѐe 2019”. Со сребрен медал се закитија вината „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“ и „Viognier Bela Voda 2022“.
Високите награди за вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на „Mundus Vini“, покрај потврда за високиот квалитет, се и јасно признание за конкурентноста на овие вина помеѓу светската винска елита.