„Тиквеш“ и лозарите ја развиваат партнерската соработка
Во согласност со нашата трајна определба и стратегија за градење и одржување долгорочни партнерски односи со лозарите, веднаш по завршувањето на годинешната берба, продолживме со продлабочување и развој на соработката со производителите на грозје за следната берба.
На средбата помеѓу раководството на ВВ „Тиквеш“ и лозарите посебно внимание беше посветено на поставување на стандардите за квалитет на винско грозје кои се темелат на најдобрите светски практики и критериуми, како и на барањата на пазарите каде се пласира виното на „Тиквеш“.
Конкретно, планирано е од следната берба да се воведат три нивоа на квалитет на грозје дефинирани според прецизни критериуми и механизми за мониторинг и контрола на лозовите насади, а се дискутираше и за предлогот на „Тиквеш“ за отпочнување на процес на окрупнување на лозовите насади, преку здружување на повеќе производители, со што би се формирале насади со површини поголеми од 10 хектари.