„Бела вода“ прогласено за најдобро македонско вино на еден од најголемите европски вински натпревари
На „Mundus Vini Summer Tasting 2022“, кој се одржа во Германија, „Bela Voda white 2021“ освои златен медал и специјална награда за најдобро македонско вино (Best of Show North Macedonia). Златни медали добија и „Terrasse au Soleil 2021“ и „Barovo red 2019“, додека на „Bela Voda red 2019“ му беше доделен сребрен медал.
Нашите вина постигнаа голем успех и на натпреварот „Austria Wine Challenge Vienna 2022“. Пет вина освоија златни медали и тоа: црвените „Barovo“, „Bela Voda“, „Vranec Luda Mara“ и „Terrasse à l’Ombre“ од бербата 2019, како и белото „Sauvignon Blanc Barovo 2021“, додека сребрени медали им беа доделени на „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“, „Bela Voda white 2021“, „Barovo white 2021“ и „Alexandria Cuvée rose 2021“.
Дополнително, на престижниот „International Wine & Spirit Competition 2022“, кој се одржа во Лондон, освоивме 10 високи награди, со што вкупниот број на освоени медали и признанија од почетокот на годината се искачи на речиси 100.