Back to Новости и информации за медиуми

Трофеј за најдобро црвено вино и дополнителни 14 медали на саемот во Белград

На меѓународниот вински натпревар кој се одрa во Белград, во рамки на саемот „Винска визија Отворен Балкан“, нашето црвено вино „Barovo Red 2019“ го освои највисокото признание – Трофеј во категоријата црвени вина од автохтони сорти.

Покрај највисокото признание на натпреварот, вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија уште 14 медали. Со златни медали беа наградени вината: „Domainе Lepovo Charodonnay 2020”, „Vranec Luda Mara 2019“ и „Alexandria Cuvee (rose) 2021“, а со платинест медал вината: „Barovo Red 2019“, „Barovo Red 2015“ и „Bela Voda Red 2015”. Добитници на сребрени медали се вината: ,,Bela Voda White 2021“, „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“, „Bela Voda Red 2019“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvee 2019“, додека бронзен медал добија вината: „Viognier Bela Voda White 2021“, „Sauvignon Blanc Barovo 2021“, „Grenache Blanc Bela Voda 2021“ и „Domaine Lepovo Pinot Noir 2019“.

Во рамки на претставувањето на висококвалитетните македонски вина, „Тиквеш“ беше и единствената винарница од нашата земја која на саемот организираше и специјална мастер клас работилница на која беа претставени автентичните карактеристики и врвниот квалитет на вината произведени во специфични поднебја и микролокации кои им даваат посебен, впечатлив карактер на вината кои се дел од бренд-платформата „Tikveš Chateaux & Domaines“.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0