Back to Новости и информации за медиуми

Фестивал на младо вино во „Тиквеш“

По минатотогодишното онлајн издание, оваа година Фестивалот на младо вино повторно го одржавме во својот вообичаен формат и на добро познатата локација во Винарската визба „Тиквеш“, а присутните имаа можност да уживаат во младите вина од последната берба.

Во текот на трите дена од фестивалот наши гости беа јавни личности, соработници на винарницата, претставници на дипломатскиот кор, институциите, бизнис секторот и на медиумите од земјава и регионот. Покрај одличното вино и вкусната храна, за добрата атмосфера на годинешниот Фестивал на младо вино се погрижија Мијата и Дани од македонската поп-музичка сцена и Амира Медуњанин и Нина Бадриќ, како претставнички на регионалната музичка сцена. Водител на настанот беше актерот Сашко Коцев.

И оваа година, согласно нашата определба за општествено одговорно делување, на сите посетители на Фестивалот им овозможивме да дадат свои парични донации, а за возврат им подаривме младо вино, кое не може да се најде во продажната мрежа. Собраните средства беа искористени за поддршка на функционирањето и активностите на организацијата СОС Детско Село.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0