Четири златни медали и една специјална награда за нашите вина на „Citadelles Du Vin“ 2020 во Франција
Пет наши вина освоија високи признанија на престижниот вински натпревар „Citadelles Du Vin“ 2020, кој традиционално се одржува во близина на Бордо, Франција. Златни медали добија три вина од премиум бренд платформата „Tikveš Châteaux & Domainеs“ – „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ 2016, како и „Vase de Pierre“ 2018 и „Terrasse à L’Ombre“ 2018 од француската винарница „Château de Gourdon“, што е дел од „Тиквеш“, а со златен медал се закити и „Vranec Special Selection“ од бербата 2017. Дополнително, црвеното „Barovo“ од бербата 2017 ја освои специјалната награда „MACEDONIA SPECIAL PRIZE“.
Овој исклучителен успех е постигнат во конкуренција на 719 вина од 29 земји од светот, меѓу кои и неколку од регионот. Освојувајќи ги петте највисоки одличја, Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди позицијата најуспешна меѓу винарниците од регионот.