Back to Новости и информации за медиуми

Фестивал на младо вино 2023: Бројни гости уживаа во богатите вкусови и одличната музика

Винарската визба „Тиквеш“ традиционално и годинава го организираше Фестивалот на младо вино, кој на 18 и 19 ноември, се одржа по 14-ти пат. На овој престижен настан присуствуваа голем број јавни личности, претставници на бизнис заедницата, соработници и партнери на „Тиквеш“ од земјата и од странство. Гостите имаа можност да ги дегустираат младите вина од избрани микролокации.

Не изостана ниту хуманитарниот карактер на фестивалот, а присутните имаа можност да донираат за СОС Детско село и за музичкото училиште „Ентерпрајз“ предводено од Валентино Скендеровски. Покрај тоа што уживаа во младите вина, посетителите на фестивалот се забавуваа и со музичките изведби на „Ringtones“, интернационалната група „Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ и со настапите на нашите познати диџеи Гоце и Чваре. На првиот ден од фестивалот настапија и претставници на музичкото училиште „Ентерпрајз“, како најава за поддршката што Винарската визба „Тиквеш“ ќе ја обезбеди за развој на младите музички таленти, кои во иднина ќе ја збогатат домашната музичка сцена.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0