Фестивал на младо вино 2022 во духот на зелената и дигитална трансформација на „Тиквеш“
Тринаесеттиот Фестивал на младо вино на „Тиквеш“ се одржа под мотото „За виното, во хармонија со природата“, означувајќи го процесот на зелена и дигитална трансформација на ВВ „Тиквеш“ во прва зелена винарница во регионот.
Освен што имаа можност да ги дегустираат младите вина од повеќе сорти од бербата 2022 година, како и да уживаат во одлична храна и музика, гостите се запознаа и со бројните проекти на кои работи „Тиквеш“ со цел да го намали својот јаглероден отпечаток, да ја зголеми употребата на енергија од обновливи извори, како и да ги заштити животната средина и природните ресурси.