Back to Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ стана дел од групата водечки светски винарници за борба против климатските промени

Винарската визба „Тиквеш“ се приклучи кон групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA – Interational Wineries for Climate Action). Во оваа група членуваат 40 водечки светски винарници од 10 земји на пет континенти. Сите членки се влијателни винарници во своите региони, лидери во активностите за заштита на животната средина и природните ресурси и имаат научно-базиран пристап во намалувањето на јаглеродните емисии и нивното влијание врз климатските промени.

IWCA е партнер на Обединетите Нации и во оваа организација веќе членуваат некои од најголемите и најпознати светски винарници, како што се: Torres, Contallation Brands и Gloria Ferrer. Со членството во оваа организација, винарниците се обврзуваат дека активно ќе работат за намалување на нивните емисии на стакленички гасови во атмосферата, сѐ до постигнување на глобалната цел: нула јаглеродни емисии, најдоцна до 2050 година.

IWCA јавно го поздрави вклучувањето на „Тиквеш“ во организацијата, посебно истакнувајќи ја досегашната посветеност и лидерство на македонската винарница во спроведување на активностите за ублажување на климатските промени. Истовремено со „Тиквеш“, членови на IWCA станаа и две познати американски винарници – Opus One Winery и Ste. Michelle Wine Estates.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0